Пендаровски на средба со Макрон
Претседателот Пендаровски во Париз на средба со шефот на државата Макрон. Ќе ги слушне ставовоте на Франција за проширувањето и новата методологија. Ќе ја пренесе пораката нема друга алтернатива за евроинтеграциите...
Претседателот Пендаровски во Франција учествува на Парискиот мировен форум. Напладне ќе има средба со шефот на државата, Макрон. Директно ќе ги слушне ставовите за проширувањето на Унијата и за новата методологија на преговарање.
Ќе ја пренесе пораката дека нашата земја нема алтернатива, дека ќе продолжи по патот на евроинтеграцијата, според сегашната или по новата методологија, и дека реформите не ги правиме за европските бирократи, туку за нашите граѓани, а промената на името не е единствен наш адут.
Очекува во наредниот период да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит, пред сè од Франција, која беше против почеток на пристапните преговори.
