БЛИСКИ ИСТОК

Убиен лидерот на групата „Палестински Исламски Џихад“

12.11.2019 10:01

Групата, којашто има поддршка од Иран, е втората по големина во Газа и има извршено многу ракетни напади врз израелската територија.

Израелските сили убија постар командант на бунтовничка група во Појасот Газа. Баха Абу Ал-Ата, лидер на Палестинскиот исламски џихад (ПИЈ), беше усмртен заедно со сопругата во нивниот дом во ракетен напад.

Според Израел, ал-Ата бил темпирана бомба и планирал директни терористички напади. Групата, којашто има поддршка од Иран, е втората по големина во Газа и има извршено многу ракетни напади врз израелската територија.

Ривалската Хамас која владее во Појасот го осуди убиството на ал-Алта и вети одмазда.