Предлог-буџетот за 2020 денеска на владина седница

12.11.2019 10:14

Во фокусот на буџетот следната година, според министерката за финансии Нина Ангеловска ќе биде вложувањето во човечкиот капитал.

Владата денеска ќе ги утврди предлог- буџетот за 2020 година. Се предлага растот на економијата следната година да изнесува 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит да биде 2,3 отсто.

Во фокусот на буџетот следната година, според министерката за финансии Нина Ангеловска ќе биде вложувањето во човечкиот капитал.

Откако ќе го усвои Владата, предлог- буџетот за 2020 година ќе биде доставен до Собранието на усвојување.

На дневен ред на седницата се и точки од програмата за работа и од интерес за граѓаните.