Владата ги повлекува предлог- измените на Законот за јавни собири
12.11.2019 10:49
Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори...
Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164- та седница одлучи да ги повлече предлог- измените со цел да се обезбеди поширока консултација, соопштуваат од владината прес служба.
Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ.
