БОЛИВИЈА

Трамп: Оставката на Моралес носи демократија на западната хемисфера

12.11.2019 10:52

Лидерот од Каракас, Мадуро тврди дека Белата куќа го финансирала државниот удар во Боливија бидејќи Вашингтон бил одговорен за сите вакви удари во Латинска Америка и Карибите во последните 100 години.

Според американскиот претседател Доналд Трамп, оставката на боливискиот лидер Ево Моралес е важен момент за демократијата на западната хемисфера. Додаде дека со тоа им се праќа јасна порака на Венецуела и Никарагва дека волјата на народот секогаш победува.

Лидерот од Каракас, Мадуро тврди дека Белата куќа го финансирала државниот удар во Боливија бидејќи Вашингтон бил одговорен за сите вакви удари во Латинска Америка и Карибите во последните 100 години.

Ево Моралес поднесе оставка под притисок од војската по протестите поради спорните избори. Мексико му одобри азил и побара од боливиското МНР да му овозможи, според меѓународното право, слободно да излезе од земјата.