АВСТРИЈА
Курц ги почнува коалициските преговори со Зелените
12.11.2019 11:16
Мандатарот за состав на идната австриска влада одржал повеќе состаноци со Зелените и нагласи дека постојат големи разлики за повеќе прашања.

Лидерите на Народната партија на Австрија (ОВП) и на Зелените, Себастијан Курц и Вернер Коглер, ги почнуваат коалициските преговори.
Мандатарот за состав на идната австриска влада одржал повеќе состаноци со Зелените и нагласи дека постојат големи разлики за повеќе прашања.
Курц очекува долг и сложен процес за да се постигне договор меѓу двете страни.
