Отворени денови во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

12.11.2019 12:21

Во рамките на оваа манифестација, промоција имаат списанијата „Македонски јазик“ и „Македонистика“ како и книгите „Сложенките во македонските црковнословенски текстови“ и „Јазикот на првите преводи на Новиот завет на современ македонски јазик напишани со грчко писмо“.

Во тек се отворени денови во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Во рамките на оваа манифестација, промоција имаат списанијата „Македонски јазик“ и „Македонистика“ како и книгите „Сложенките во македонските црковнословенски текстови“ и „Јазикот на првите преводи на Новиот завет на современ македонски јазик напишани со грчко писмо“.

Пригодни беседи ќе имаат повеќе научни работници од оваа област, а на дневен ред е и меѓународна научна Конференција- „Македонскиот јазик извор на филолошки и на културолошки истражувања“.

Целта на оваа манифестација е научната дејност на Интитутот да се доближи до јавноста.