Лекот „Спинраза“ достапен за пациентите со спинална мускулна атрофија

12.11.2019 12:44

Буџетот за сите деца изнесува 120 милиони денари, а набавката се спроведува за период од една година.

Десетмесечно бебе е првиот пациент во нашата земја кој го доби лекот „Спинраза“. Има уште шест деца со спинална мускулна атрофија кои чекаат да ја добијат оваа терапија. Надлежните се надеваат дека ќе има добар ефект, ќе се запре прогресијата на болеста, која ја влошува здравствената состојба.

Буџетот за сите деца изнесува 120 милиони денари, а набавката се спроведува за период од една година.

Според ресорниот министер, нема ниту еден пациент со ретка болест кој чека за терапија. Ова е шести нов лек кој е воведен за две години.