Буџетот за 2020 година 3,9 милијарди евра

12.11.2019 12:49

3,9 милијарди евра ќе тежи државната каса во 2020-та. Владата проектира економски раст од 3,8 насто, дефицит од 2,3 проценти. Повеќе пари за плати и пензии, субвенциии во земјоделството. Вложуваме во човечки капитал- рече премиерот Заев...

Државната каса в година ќе тежи 3,9 милијарди евра. Владата проектира еконосмки раст од 3,8 насто, дефицит од 2,3 насто од бруто домашниот производ. Најавува повеќе пари за плати и зголемување на пензиите.

Капитални инвестиции се предвидени да изнесуваат 234 милијарди денари. Според премиерот Заев и министерката Ангеловска, најмногу пари ќе бидат вложени во човечки капитал.

За секој денар на граѓаните се водеше сметка каде ќе биде најдобро и најпродуктивно искроистен во полза на придобивките на нашите граѓани. Сепак, капиталните инвестиции остануваат повеќе од 23 милијарди денари која е вообичаената ставка во буџетот. За да биде скроен по мерка на граѓаните, вој буџет е влог во луѓето, во човечкиот капитал, рече Заев.

Министерката Ангеловска го оцени како реален предложениот буџет за наредната година. Добар буџет, е оној буџет кој ги адресира приоритетите – а приоритет за раст и напредок на земјата е човечкиот капитал, рече министерката за финансии.

Предлог-буџетот за наредната година ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.