Потребни се нови кадри на иститутот за македонски јазик
На институтот кој го промовира македонскиот јазик му се потребни најмалку 15 млади кадри. По 19 години лани бил вработен првиот млад доцент – научен соработник. Инститцијата ги отвори вратите за јавноста. Промовираше четири нови изданија...
Интересот за студирање на македонскиот ќе се зголеми со донесувањето на новиот Закон за употреба на мајчиниот јазик. Во него се бара задолжително вработување лектор, во секоја институција, медиуми и портали. Со тоа, веќе нема да има невработени во оваа област, младите луѓе ќе бидат сигурни дека по дипломирањето ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот, вели директорката на Институтот.
Кај политичарите вели, има едно отстапување со грешки во нагласките и во употребата на зборови за кои сметаат дека звучат важно и образовано, а тука е и проблемот.
Македонскиот јазик на сите нас е суштина, вели професорот Мито Аргировски.
Институтот „Крсте Мисирков“ги отвори вратите за интелектуалците, наставниците, студентите и учениците, но и за граѓаните кои го почитуваат јазикот. Установата промовираше четири најнови изданија.
Александра Спировска
