Шеќеринска очекува неделава протоколот за НАТО да го ратификува Холандија, а до кракот на годинава Франција
Министерката за одбрана Шеќеринска очекува неделава протоколот за НАТО да го ратификува Холандија, а до крајот на годинава и Франција. Ќе се чека новата влада, за да се процени дали ратификацијата ќе мине и во Шпанија...
Очекувам за неколку недели или месеци, Северна Македонија да биде полноправна членка на НАТО, изјави министерката за одбрана Шеќеринска додавајќи дека до крајот на месецов, Холандија и Франција ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО, и до Лондонскиот Самит на Алијансата на почетокот на декември останува уште Шпанија.
„Сега останува само ратификацијата од Шпанија, за која проценките ќе можеме да ги направиме кога ќе биде јасна новата влада. Изборите завршија, тоа е добар знак. Започнаа прегоовори за формирање на мнозинство и тоа е позитивно. Според најавите, првата седница на шпанскиот парламент ќе биде на почетокот“, изјави министерката Шеќеринска.
Со пуштањето на новата тетхнологија за учење на далечина во Воената Академија се вложува во достигнување на НАТО стандардите и дека земјава како иден сојузник ќе ги презема товарот на Алијансата.
„За Кралството Норвешка, Северна Македонија е важна. Најважно за нас е што наскоро ќе станете наш сојузник. Дел од денешната донација е дел од правењето на вашите воени сили подготвени за 21 -от век, за доброто на Северна македонија и на целата Алијанса. Норвешка ќе продолжи да биде силен партнер на воените сили на Северна Македонија“, рече Потполковник Егил Дартвеил-воено Аташе на Кралството Норвешка.
„За нас таа опрема претставува многу. Почнува една нова ера во комуникациските и образовните процеси што Воената Академија ќе ги води во иднина. Ова значи осовремување и заоружување на процесот на симулација на знаењето, на процесот на усвојување на знаењето и пристапот до светското знаење преку оваа нова технологија“, изјави полковник Орце Поповски- Декан на Воената Академија.
Целта со зголемување на воениот буџет на 1,4 проценти од БДП за идната година и станување на Институтот за сајбер технологија во Регионална Академија, земјава ќе покаже дека ќе биде доверлив сојузник, смета министерката за одбрана.
Ирина Гелевска
