Администрација

Манчевски: Огласите за вработувања во јавниот сектор се редовни, а не предизборни

12.11.2019 14:21

Огласите за вработувања во јавниот сектор се редовни, а не предизборни, тврди министерот Манчевски. Експертите од Европската унија со порака до властите- да не се претерува со партиски вработувања. Министерот за информатичко општество и администрација најави дека набргу ќе профункционира регистарот на население...

Огласите за вработувања во јавниот сектор не се предизборна кампања, тие се редовни како и за секоја година пред нејзиниот истек, тврди ресорниот министер Манчевски. Доколку ги видите и вашите извештаи пред новогодишните празници ќе забележите дека станува збор за нормална појава на истекување на договорите и барање за нови во следната година, додава министерот.

Превработеноста во администрацијата нема корелација со недостиг на кадар во одредени професии во јавниот сектор. Затоа, вработувања мора да има, вели Манчевски.

Стручњаците од Европската унија им порачаа на властите, да не се претерува со партиски вработувања. Оваа појава ја има и во Унијата, но е ограничена, вели Јанмаат од делегацијата на ЕУ во земјава.

Учесниците се фокусираа на можностите на државите да се обезбеди пристап на граѓаните до услугите преку електронски пат. Регионалната школа за јавна администрација ја презема Црна Гора.

Фиљана Кока