ДЗС: Извозот во јануари 318,5 милиони долари
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, Македонија во јануари годинава извезла стоки во вкупна вредност од 318.574.000 американски долари, а увезла стоки за 506.431.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62,9 %, а трговскиот дефицит изнесува 187,857 милиони долари.
Според податоците, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Најмногу стоки од Македонија дури 82,1 отсто се извезени во земјите од Европската унија по што следат заемјите од Западен Балкан 11,7 отсто. Европската унија е на првото место и по увозот на стоки во Македонија. Од земјите-членки на ЕУ се увезени дури 65,5 отсто од вкупно увезените стоки во земјава.
Република Македонија најмногу тргувaла со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија со кои е реализирана 54,2 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.
