МАНУ одбележа сто години од раѓањето на Димитар Митрев

12.11.2019 15:43

МАНУ одбележа сто години од раѓањето на Димитар Митрев, основоположникот на македонската книжевна критика. Вреднувајќи го неговиот придонес, познавачите го окарактеризираа како човек кој ја осмислувал сегашноста и размислувал за иднината...

Академик Димитар Митрев - човек со неверојатен талент за публицистика, врвен полемичар, критичар, кој што дал придонес во теоријата и историјата на литературата. За неговите критики и дела научниците се присетуваат со восхит. МАНУ одбележа еден век од раѓањето на основоположникот на македонската книжевна критика.

Добрите познавачи на неговото дело велат дека бдеел над судбината на македонскиот народ. Ја осмислувал сегашноста и размислувал за иднината.

Не учеше на доследност, храброст и дека треба да живееме во свое време. Звукот на машината за пишување се уште го чувствувам, а пред мене ја гледам, неговата работна соба во која неуморно работеше, се присетува неговата ќерка Илинка.

За сите негови заслуги, академик Конески рекол- „Митрев е веќе во кодот на народот“. Митрев зад себе остави наследство за иднината.

 

Наташа Гркова- Петрушевска