Аграр

Поддршка за традиционални земјоделски производи

13.11.2019 10:05

Преку семејните бизниси и малите фирми за висококвалитетни земјоделски производи и преработки, Владата ќе го поттикнува процесот на производството на храна. Ќе се помага не само семејниот, туку и развојот на локалниот бизнис...

Со креирање услови и конкретни мерки за поддршка, еден од приоритетите ќе бидат современите трендови во трговијата. Сектор во кој за традиционалната и органска домашна храна има се поголема побарувачка на пазарите кај нас и преку граница.

Меѓу конкретните мерки за поддршка се и новите измените на Законот за вино. Со предвидената група за олеснување на условите за работа во малите семејни винарии треба директно да се влијае на нивниот развојот и поголеми финансии во домашниот буџет на оние што се занимаваат со овој тип на дејност.За преработувачките капацитети на фармерите, со ИПАРД 2 програмата, има можност и за кофинансирање на трошоците за изградба на нови објекти, набавка на опрема, инвестирање, модернизирање и пласман на финални производи со поголема додадена вредност.

Од неодамна со Законот за квалитетот на земјоделските производи поставена е и правна рамка да се заштитат од исчезнување или имитирање на традиционалните и органски домашни брендови. Производите со географски или традиционален карактер можат да се заштитат со ознаки за нивното потекло, географска ознака или гаранција на традиционалниот специјалитет. Засега единствен заштите бренд кај нас е „Охридската Цреша“.

 

Методија Трајков