Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска во Скопје
Како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно- политичките состојби во земјава, исходот од последниот Европски совет и можните следни чекори.

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно- политичките состојби во земјава, исходот од последниот Европски совет и можните следни чекори.
Ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односите на регионален план.
Шефот на германската дипломатија ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
