БОЛИВИЈА
Жанин Анес и официјално наследник на Моралес
13.11.2019 10:14
Таа се прогласи за преоден претседател и покрај недостигот од кворум за нејзин избор, откако сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето.
Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа се прогласи за преоден претседател и покрај недостигот од кворум за нејзин избор, откако сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето.
Моралес замина за Мексико кадешто му беше одобрен азил. Претходно даде оставка под притисок на антивладините протести заради обвинувањата за измама на претседателските избори од 20-ти октомври.
