Судењето за „Рекет“ закажано за 3-ти декември

13.11.2019 11:11

Од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС – електронскиот систем, предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судијката Николовска – Масевска.

Судењето за случајот „Рекет“ почнува на 3-ти декември, соопшти Кривичниот суд. Предметот во кој се обвинети Бојан Јовановски- Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец ќе го води судијката Васка Николовска- Масевска.

Од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС – електронскиот систем, предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судијката Николовска – Масевска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.