Украина и САД со мото „Мир за Украина“
Во мноштвото пријателски фудбалски натпревари планирани за утре, се издвојува оној меѓу Украина и Соединетите Американски Држави. Не поради некоја особена фудбалска, туку поради политичка конотација. Оваа контролна средба којашто ќе биде одиграна на Кипар е со работен наслов „Мир за Украина“, објави Украинската фудбалска федерација. Нејзините челници се колебаа дали националниот тим воопшто да игра, но сепак ќе се појават на теренот поради почит кон американските фудбалери.

„Решивме да играме затоа што противник ни е селекција на земја што го поддржува територијалниот интегритет на Украина. А натпреварот ќе го подигне патриотскиот дух на украинскиот народ. Треба да му покажеме на светот колку високо се вее нашето знаме и колку гордо звучи националната химна на независната држава“, рече првиот човек на украинскиот фудбал Анатолиј Конков и според изјавеното, свесно или несвесно, сепак, ја избледе границата меѓу фудбалот и политиката.