САД
Трамп: Цел е третиот човек на Исламската држава
13.11.2019 11:19
По смртта на лидерот Ал- Багдади, САД и Турција почнаа да трагаат по неговите можни наследници и симпатизери, притоа апсејќи десетици членови на неговото семејство.

Американскиот претседател Трамп изјави дека САД ја знаат локацијата на којашто се крие третиот човек на џихадистичката организација Исламска држава.
По смртта на лидерот Ал- Багдади, САД и Турција почнаа да трагаат по неговите можни наследници и симпатизери, притоа апсејќи десетици членови на неговото семејство.
По ликвидацијата на Ал- Багдади, Исламската држава го потврди и убиството на неговиот портпарол кој се сметаше за наследник на лидерот на Исламската држава.
