Израел

Воздушни напади на израелските авиони врз Газа

13.11.2019 11:44

Најновото насилство меѓу Израел и екстремистите од појасот Газа почнаа откако во воздушен напад на израелските авиони беше убиен командантот на Исламски Џихад за северниот дел на Газа...

Тројца палестинци се убиени во воздушни напади врз позициите на Исламски Џихад во појасот Газа. Со тоа бројот на загинати се зголеми на девет. Меѓу новите жртви се и високо рангиран командант на Исламски Џихад и неговата сопруга.

Најновото насилство меѓу Израел и екстремистите од појасот Газа почнаа откако во воздушен напад на израелските авиони беше убиен командантот на Исламски Џихад за северниот дел на Газа, за кого израелските претставници тврдат дека е одговорен за напади врз Израел.