Груевски нема да одговара за „Траекторија“
Неговиот адвокат, поставен по службена должност, ова го побарал поради апсолутно застарување на делото. Сега од државниот буџет, судот треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, за ангажираните адвокати и за адвокатот ангажиран по службена должност...
Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против поранешен Премиер Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградба на кинеските автопатишта во земјава.
Неговиот адвокат, поставен по службена должност, ова го побарал поради апсолутно застарување на делото. За разлика од останатите обвинети, Груевски кој пребега во Будимпешта беше обвинет со обвинителен предлог за казна од 1 до 3 години за примање награда за противзаконито влијание.
Сега од државниот буџет, судот треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, за ангажираните адвокати и за адвокатот ангажиран по службена должност.
Во „Траекторија“ освен Груевски, обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс- министерот Миле Јанакиески и екс- директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
