Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината
Сведокот Филип Наумовски, осум години работел во „Дурмо Турс“ како возач, а по потреба бил и кондуктер. Како што објасни, автобусот го возел од наплатната рампа Глумово до Гостивар и не забележал ништо невообичаено.
Автобусот на „Дрмо турс“ имал уред за манипулација на брзината за 12 до 13 километри на час и секој возач можел да го користи кога сака, истакна возач вработен во компанијата на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци.
Сведокот Филип Наумовски, осум години работел во „Дурмо Турс“ како возач, а по потреба бил и кондуктер. Како што објасни, автобусот го возел од наплатната рампа Глумово до Гостивар и не забележал ништо невообичаено.
Претходно, сведокот кажа дека автобусот дента, цело време возел на една тахографска лента. Појасни и дека доколку имале проблем со автобусот за тоа му кажувале на Ремзи Мифтари, кој кажувал кој автобус може да се вози и на која релација.
За автобуската несреќа што се случи на 13-ти февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, обвинети се шест лица.
