Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
13.11.2019 12:43
Вечер свечено ќе бидат доделени и наградите „13 ноември“...

Со повеќе активности денеска се одбележува 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов, се сретна со претставници на Градскиот одбор на сојузот на борците.
Делегација на Град Скопје положи цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје на партизанските гробишта во Бутел, во Алејата на заслужните граѓани, на гробот на Генерал Михајло Апостолски во Бутел и пред споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата.
Вечер свечено ќе бидат доделени и наградите „13 ноември“.
Пред 75 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
