Објавен оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата

13.11.2019 12:52

Рокот за пријавување е 15 дена...

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Ги повикуваме сите млади и мотивирани граѓани на нашата татковина, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот оглас, да се пријават и да станат дел од Армијата на Република Северна Македонија, која наскоро ќе биде и Армија на НАТО. Војничката професија нуди исклучителни можности за напредување, за личен развој и за напредување во кариерата- соопштуваат од Министерството за одбрана.

Рокот за пријавување е 15 дена.