Заев очекува медотологијата за проширувањето на ЕУ да биде донесена во предвидениот рок
Премиерот Зоран Заев е задоволен од исходот на средбата Пендаровски-Макрон. Вели- институциите мора да останат посветени на реформите...
Премиерот Заев е задоволен од исходот на средбата Пендаровски- Макрон. Очекува медотологијата да биде донесена во предвидениот рок. Вели- институциите мора да останат посветени на реформите.
„Мене ми е јасно дека следува методологија која мора да биде адаптирана од земјите членки, но и од Европската комисија. Се надевам дека ќе успеат тоа да го направат во соодветен временски период. Институциите треба да работат, треба да бидат фокусирани. Ваквите абери од големите земји членки го држат фокусот и мотивацијата на нашето идно работење. Задоволен сум од средбата“, нагласи премиерот Заев.
Премиерот најави дека за деталите од разговорот ќе оствари средба со шефот на државата Пендаровски.
