Се зајакнува патронажната служба
Од ресорот здравство велат, ова е можност младите медицински лица да учат и да стекнат искуство под менторство.
130 млади лекари и медицински сестри во следните шест месеци ќе работат во патронажната служба. Само во метрополата ќе бидат ангажирани 50. Од ресорот здравство велат, ова е можност младите медицински лица да учат и да стекнат искуство под менторство.
„Сакаме да постигнеме неколку работи. Прво, младите здравствени работници да бидат финансиски стимулирани и иднината да ја бараат во нашата земја. Да го стекнат своето искуство на почетокот од кариерата под менторство и контрола на многу искусни кадри и секако да го зајакнеме нашиот здравствен систем во овој сегмент што ќе значи приближување на здравствената услуга до пациентите во домашни услови“, изјави министерот Филипче.
Здравствените работници ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови, во итната медицинска помош и во патронажните сервиси.
