Износот на минималната плата - спирала за покачување на платите и на вработените кај работодавачите
Висината на минималната плата да изнесува 14.500 денари во нето износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година.

Владата до пратениците достави измени и дополнувања на Законот за минимална плата, во кој освен утврдување на висината се врши и усогласување со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците. Според предлогот се утврдува висината на минимална плата во износ од 14.500 денари во нето износ која ќе се исплатува започнувајќи со платата за месец декември 2019 година заклучно со платата за месец март 2020 година.
Во образложението е наведено дека со цел да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор, преку финансиска поддршка за работодавачите за кои ќе изврши зголемување на платата на вработените, се наметнала потребата и се предложило законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на државата .
Имајќи предвид дека преку предложениот закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување ќе се создадат услови за зголемување на платите на вработените, се доаѓа до можноста за зголемување и на минималната плата, е констатирано во дописот од Владата на Република Северна Македонија.Во предлогот е уредено дека начинот на усогласување на минималната плата ќе се врши секоја година во месец март, а исплатата на усогласената плата ќе започне со платата за месец април.
Виолета Шатановска
