ССК: Потребни се повеќе пари за приватниот сектор

13.11.2019 14:01

Финанаисирањето на здравството и образованието е добар чекор, но потребно е инвестирање и во приватниот сектор, вели претседателката на Сојузот на стопански комори.

Само 109 милиони евра или три проценти од проектираниот буџет за 2020-та се наменети за компаниите. Финанаисирањето на здравството и образованието е добар чекор, но потребно е инвестирање и во приватниот сектор, вели претседателката на Сојузот на стопански комори.

„Финансирање на трошења кои нема да стимулираат раст на продуктивноста и подобрување на условите за работа на субјектите во приватниот сектор кој е двигател на економијата, е тешка одлука за која креаторите на буџетот ќе имаат одговорност не само пред вработените во јавната администрација и пензионерите, туку и пред приватниот сектор кој вработува 80% од вкупниот број граѓани во државата. Од буџетот тежок 3,9 милијарди евра за 2020 година, 109 милиони евра или околу 3 % се наменети за директна поддршка на приватниот сектор“, вели претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Арсовска посочува дека ќе трпат и капиталните инвестиции.