Мобилна градина за лица со попреченост
Ќе учествуваат 20 учесници – архитекти и дизајнери, од кои по пет учесници се од Англија, Холандија и Белгија и пет се од Македонија. Тие ќе работат во мешани тимови со цел да се дојде до најдобри решенија, преку размена на знаење, искуства и начин на размислување.

Во рамките на проектот „On the point“, Јавна Соба организира работилница за дизајн на мобилна градина наменета за лица со попреченост во развојот која ќе се одржи од 14 до 16 ноември во Центарот за дизајн и иновации.
Ќе учествуваат 20 учесници – архитекти и дизајнери, од кои по пет учесници се од Англија, Холандија и Белгија и пет се од Македонија. Тие ќе работат во мешани тимови со цел да се дојде до најдобри решенија, преку размена на знаење, искуства и начин на размислување.
Во проектот „On the point“ кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европска Унија се вклучени организациите „Мама“ од Ротердам, Холандија, „Хет ентрепот“ од Бриж, Белгија, „Фабрика“ од Брајтон, Велика Британија и „Јавна соба“ од Скопје.
Во рамки на проектот, во изминатиот период во Ротердам и Брајтон се обезбедија нови видови на креативно учење за локалните жители кои не учествуваат во уметност, преку две привремени креативни дела специфични за локалитетот, во две поставки на заедницата.
Во Бриж се постави простор за соработка специјално наменет за млади креативци за кои во моментот не се грижи културната понуда на градот Бриж. Во Скопје пак, преку оваа работилница ќе создаде градина која ќе обезбеди нови видови креативен ангажман за социјално маргинализираните лица.
