Златна плакета на граѓанското здружение „Тера“ за развој и афирмација на општината преку манифестацијата „Смоквијада“.
„Манифестацијата „Смоквијада“ што претставува своевиден бренд на градот е најголемото јавно приготвување на слатко од смокви во земјата. „Смоквијада“ не е само фестивал на смоквите, туку и промоција на традиционалната храна и производи во пограничниот регион.

Со цел да се сочува традиционалниот начин на готвење слатко од зрели смокви и од постарите генерации, да се пренесе на помладите, 13 години наназад во Гевгелија се организира традиционалната манифестација „Смоквијада“. Здружението на граѓани „ТеРа“, под покровителство на општина Гевгелија, во соработка со хотелите и рестораните, го организира овој настан со цел да го врати оригиналниот начин на пречекување гости во домот со слатко од смокви.
„Манифестацијата „Смоквијада“ што претставува своевиден бренд на градот е најголемото јавно приготвување на слатко од смокви во земјата. „Смоквијада“ не е само фестивал на смоквите, туку и промоција на традиционалната храна и производи во пограничниот регион. Близината на Егејското Море, реката Вардар, како и високите планини Кожуф и Пајак, обусловуваат спој на континентална и средоземна клима и изобилство од медитеранското овошје-смоквата ,што се огледува во гевгелиско и од која се произведува најквалитетното слатко. Сакајќи да ја одржиме традицијата за приготвување слатко од смокви, но и да ги обединиме сите генерации на исто место и во исто време , ја организираме оваа забавно-музичка манифестација за која интересот од година во година расте. Тоа претставува мотив и инспирација да го збогатуваме секое следно издание со нови и интересни содржини“, истакна Крунослав Прошев, член на организациониот одбор.
Гевгелиското слатко од смокви е барано во Европските држави, САД, како и во Австралија, а најголем интерес има од страна на македонската дијаспора.За значајни постигнувања во изминативе пет години, Советот на Општина Гевгелија одлучи да додели златнa плакетa на граѓанското здружение „Тера“ за развој и афирмација на општината преку манифестацијата „Смоквијада“.
Јасмина Никова
