Семинар за Е- трговија во Стопанската комора
За таа цел Стопанската комора на Македонија, на 19-ти ноември организира еднодевен Семинар на тема „Електронска трговија, интернет продажба- отворање на е-продавница, развој, маркетинг и продажба“.

Во ера на дигитализација, присуството на на брендовите на Интернет е важно за секој бизнис, кој сака поголема видливост на своите производи.
За таа цел Стопанската комора на Македонија, на 19-ти ноември организира еднодевен Семинар на тема „Електронска трговија, интернет продажба- отворање на е-продавница, развој, маркетинг и продажба“.
Се очекува овој Семинар да придонесе за поуспешно учество на интернет пазарот и за подобрување на вештините за управување со е- продавница. Ова, посебно зашто е познато дека продажбата преку Интернет, како современ канал на продажба отвора нови можности на пазарот и пристап до нови клиенти, кои се физички оддалечени од продажното место.
