Заев: Институциите мора да останат посветени на реформите
Премиерот Заев е задоволен од исходот на средбата Пендаровски- Макрон. Очекува медотологијата да биде донесена во предвидениот рок. Вели- институциите мора да останат посветени на реформите. Најави дека за деталите од разговорот ќе оствари средба со шефот на државата Пендаровски...
Премиерот Заев изрази задоволство за како што рече, позитивните коментари кои ги изнел претседателот Пендаровски по средбата со францускиот колега, Макрон. Јасно ми е, вели шефот на владата, дека следува реформирање на методологијата на преговорите, но, останува мотивацијата на институциите дека треба да продолжат да работат и да бидат фокусирани на процесот. Очекува Пендаровски наскоро да му ги соопшти сите детали од средабата.
Премиерот Заев најави средби со голем број деловни луѓе од компании кои работат со наши институции за време на неговата посета на Солун. Ќе се сретне и со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.
Шефот на владата во обраќањето на самитот во Солун ќе говори за предностите што ги има земјава за регионална соработка. Самитот во Солун годинава се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.
Наташа Гркова- Петрушевска
