Украинската криза и се заканува на европската авто-индустријата

04.03.2014 16:14

Челниците на европската авто-индустрија стравуваат од кризата во Украина, а Европската Унија нема фондови за надоместување на штетата..

Ако се воведат  економски санкции за Русија заради интервенцијата врз Украина, се заканува опасност да застанат фабриките  „Форд“, „Џенерал моторс“ и „Рено“. Би се изгубила една третина од европскиот пазар, па дури и дел од звучните имиња би морале да одат во стечај, пренесува РТС.

Челниците на европската авто-индустрија стравуваат од кризата во Украина, а Европската Унија нема фондови за надоместување на штетата, предупредуваат стручњаците од саемот на автомобили во Женева. Кризата директно влијаела на пад на производството и на продажбата.

Русија купува 2,8 милиони автомобили годишно, а се препоставува декадо 2020 ќе надмине 4 и пол милиони возила. Особени проблеми ќе имаат германските производители  што се врзани со Русија и за суровини и за пазарот. Предвидувањата на аналитичарите се дека поради можно поскапување  на гас или нередовна испорака и сериското прозводство би станало прескапо и неисплатливо.Затоа засега се избегнуваат прашања за украинската криза.

 

Соња Стојановска