Попречувањето на правдата казниво дело
Со измените во Кривичниот законик со кој попречувањето на правдата се дефинира како кривично дело, има видлив напредок во судството. Сепак, тоа е само почеток, бидејќи за приближување до европските вредности не е доволно само да се носат законите, туку треба да се спроведуваат во практика. Во Охрид, конференцијата посветена на попречувањето на правдата како закана на судската независност и транспарентност...
Северна Македонија имаше системски проблеми со владеењето на правото, а попречувањето на правдата беше еден од најголемите проблеми бидеќи тоа оди рака под рака со корупцијата. Во Извештајот на Европската комисија за 2019- та година не беше посочен овој проблем што значи дека има напредок, но има уште многу да се работи. За подобрувањето на состојбите во оваа сфера огромен придонес има дополнувањето на кривичниот законик со кој попречувањето на правдата се дефинира како кривично дело.
„Непристрасноста на судиите е главната гаранција дека граѓаните ќе бидат третирани на фер и еднаков начин пред законот. Тоа значи дека слабите и ранливите ќе бидат заштитени од богатите и моќните и дека јавните службеници ќе им служат на граѓаните наспроти политичките агенди“, изјави Дајана Палеквин- политички офицер во Амбасадата на САД.
Македонската јавност и меѓународната заедница одамна укажуваа дека имало политичко, но и други влијанија врз судството. За да се надминат таквите состојби треба време, но сепак има напредок- сметаатсудиите.
На собирот беше потенцирано дека реформите во судството не се важни сами по себе, туку дека тие се средство за создавање на демократско и праведно општество, каде што граѓаните ќе бидат еднакви.
Сашо Нелоски
