Рамчиловиќ нов потпретседател на Собранието
13.11.2019 15:19
Тој за оваа функција беше предложен од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Рамчиловиќ ќе го пополни испразнетото потпретседателско место во Собранието на Весел Мемеди...
Со мнозинство гласови Зекир Рамчиловиќ избран за нов потпретседател на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ гласаше против.
Тој за оваа функција беше предложен од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Рамчиловиќ ќе го пополни испразнетото потпретседателско место во Собранието на Весел Мемеди кој даде оставка од функцијата пратеник.
Неодамна Рамчиловиќ ја напушти групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и го извести спикерот Џафери дека во Законодавниот дом ќе делува самостојно.
