Само 3% од проектираниот буџет за 2020-та наменети за команиите
Потребно е поголемо инвестирање во приватниот сектор- вели претседателката на Сојузот на стопански комори Аровска по одлуката на владата во буџетот да предвиди 3 проценти или 109 милиони евра за компаниите. Според неа, ќе трпат и капиталните инвестиции...
Само 109 милиони евра или 3 проценти од проектираниот буџет за 2020-та се наменети за компаниите. Финансирањето на здравството и образованието е добар чекор, но потребно е инвестирање и во приватниот сектор, вели претседателката на Сојузот на стопанските комори.
Според Арсовска, во државната каса за наредната година нема средства наменети за подобри услови за работа на домашните фирми и за зголемување на продуктивноста. Наведува дека ќе трпат и капиталните инвестиции кои ја стимулираат работата на над 20 стопански гранки.
Половина од следната година министерствата ќе работат со недоволна функционалност поради предвремените парламентарни избори. Се доведуваме во ризик повторно да имаме подреализација на капиталните расходи, велат од институтот за економски истражувања „Фајнанс тинк“. Како решение го посочуваат среднорочното буџетирање .
Според Петрески, добро е да се вложува во човечкиот капитал, но растот на платите мора да биде паралелен со растот на продуктивноста.
Сунчица Николоска
