Почна финансирањето на локалните акциски групи
Седум од девет локални акциски групи во земјава ќе добијат 7,7 милиони денари, финансиска помош за реализирање на потребите на руралните средини. Со овие пари ќе се огради и историскиот локалитетот кокино, проблем за чија заштита се зборува повеќе од 15 години...

Со 7,7 милиони денари регистрираните акциски групи ќе почнат со реализација на потребите и барањата на локалното население во руралните средини. Првите пари ќе се потрошат за поставување на урбана опрема, реконструкција на сместувачки капацитети, фотоволтаични системи, уредување на туристички места како, што е примерот со Кокино, и создавање услови за подобар живот во селските региони.
Финансиската поддршка е неповратна и покрива 100 проценти од реализираната инвестиција, а за одрени потреби локалните акциски групи или ЛАГ-овите ќе мора да спроведуваат јавни набавки.
Лаг-от е највисока форма на здружувања меѓу локалните власти, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. За да се регистрира еден ЛАГ се потребни две општини, а земјоделците и населението директно решаваат за своите барања и потреби за развивање на руралните средини.
Жителите на населените места ќе ги одредуваат своите приоритети во однос на инфраструктурата, образиванието, подобрување на бизнис средината или унапредување на руралниот туризам.
Методија Трајков
