Газа
Активирано примријето меѓу Израел и „Исламски Џихад“
14.11.2019 10:22
Израелската војска пред два дена го уби командантот на оваа палестинска организација во северниот дел на регионот по што следуваа одмазднички ракетни напади, но и изрелски воздушни напади, во кои за два дена беа убиени 26 Палестинци, од кои 16 екстремисти.
Утринава во Појасот Газа влезе во сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и „Исламски џихад“.
Израелската војска пред два дена го уби командантот на оваа палестинска организација во северниот дел на регионот по што следуваа одмазднички ракетни напади, но и изрелски воздушни напади, во кои за два дена беа убиени 26 Палестинци, од кои 16 екстремисти.
Од вторникот досега врз Израел од Газа се истрелани над 360 ракети и минофрлачки проектили.
