Индустриското производство со раст од 6,4% во јануари
04.03.2014 16:34
Индустриското производство во јануари годинава бележи раст од 6,4 % во однос на јануари 2013 година...

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јануари годинава бележи раст од 6,4 % во однос на јануари 2013 година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2014 бележи опаѓање од 1,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 9,9%, покажуваат податоците.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5%, Капитални производи за 9,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4%, додека опаѓање има кај Енергијата за 13,3%.
