Соработка

Заев во Солун на средби со Мицотакис и со грчки бизнисмени

14.11.2019 10:39

Денеска во Солун, средба на премиерите Заев и Мицотакис. Премиерот Заев ќе учествува и ќе се обрати на четвртиот Самит во Солун, а ќе оствари средби и со компании...

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува и ќе се обрати на четвртиот Самит во Солун, ќе одржи средби со деловни луѓе од компании кои работат со нашите институции и ќе се сретне со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

Средбата ќе биде во 18.30 часот по локално време, а еден час подоцна Мицотакис ќе се сретне и со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Премиерот Заев, вчера рече дека при обраќањето на Самитот ќе ги информира присутните за сите предности што ги има во земјава.

Сакам да го споделам чувството на задоволство, колку е голем интересот на грчките компании, особено за долната половина на државата поради близината на транспортот, рече премиерот.

Самитот во Солун се одржува денеска и утре во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво и Американско – грчката стопанска комора.