САД
Трамп вршел притисок врз Украина за политичка корист
14.11.2019 11:15
Советникот на американскиот државен секретар Џорџ Кент тврди дека се правеле обиди да се води „нечиста“ кампања против американските официјални претставници во Украина.
Двајца американски дипломати сведочеа дека Трамп вршел притисок врз Украина за политичка услуга. Највисокиот дипломатски претставник на САД во Украина Вилијем Тејлор рече дека постоеле регуларен и нерегуларен канал на американската политика кон Украина.
Советникот на американскиот државен секретар Џорџ Кент тврди дека се правеле обиди да се води „нечиста“ кампања против американските официјални претставници во Украина.
Јавните сослушувања на сведоците во процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп почнаа вчера во Претставничкиот дом на Конгресот.
