ТУРЦИЈА
Ердоган: Може да вратимe милион бегалци во Сирија
14.11.2019 11:39
За време на посетата на САД побара помош од меѓународните донатори.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција во наредните две години би можела да врати околу милион сириски бегалци во безбедната зона во северниот дел на Сирија. За време на посетата на САД побара помош од меѓународните донатори.
На 9 октомври официјална Анкара ја почна воената операција “Извор на мирот“ за да го исчиси теренот од курдските борци, кои ја имаат поддршката од САД, а кои според Турција се закана за безбедноста.
