Меѓународен ден за борба против дијабетот

Во земјава сѐ уште нема официјален регистар на деца со дијабет

14.11.2019 12:33

На синоќешната трибина во Битола по повод Меѓународниот дена за борба против дијабетот здруженијата на родителите на деца со дијабет побараа Министерството за здравство да почни да ги обезбедува сензорите за континуирана проверка на шеќерот во крвта, во битолското здравство да се вработи педијатар ендокринолог и што поскоро да се формира официјален регистар на деца со дијабет во земјава...

Во земјава сѐ уште нема официјален регистер на деца со дијабет. Засега се користи податокот од детската ендокринологија при Скопската клиника според кој околу 500 дечења живеат со ваква состојба, велат од здуженијата на родители на деца со дијабет.

Тие од надлежното министерство бараат да започне да обезбедува сензори за континуирана проверка на шеќерот во крвта. Со овие помгала, би се избегнало повеќекратното дневно боцкање и би се избегнал и стресот кај децата.

Во битолското здравство голем проблем е и тоа што нема постојан педијатар ендокрилог. Дијабетот менитус тип еден се јавува од најмала возраст до 35 години. Комплексно метаболно заболување каде генетскиот фактор има многу мала улуга. Етиологијата на болеста не е целосно позната, велат лекарите.

Апелираат на поголема едукација, секојдневна контрола и редовно земање на терапијата. Насока по која со овиј тип на дијабетис се бореле светски познати политичари, актери и спортисти постигнуваќи врвнни дострели.

 

Стевче Митевски