Потребно е воведување медиумска писменост во редовното образование
Младите користат нови паметни технологии, возрасните сѐ уште се информираат од телевизијата и радиото. Голем дигитален јаз постои во земјава- покажа истражувањето на Агенцијата за аудио и аудио- визуелни медиумски услуги и ОБСЕ. Публиката иако умее да препознае лажни вести, сѐ уште не е вешта во утврдување на вистинитоста на информацијата- велат експертите од областа. За решителна битка со дезинформациите и спиновите, потребно е воведување на медиумската писменост во редовното образование- смета медиумската заедница...
Огромен дигитален јаз постои меѓу генерациите во однос на медиумската писменост, покажа истражувањето на ААВМУ и мисијата на ОБСЕ во земјава. Смарт телефоните најкористени кај младите од 16 до 20 години, телевизиите од повозарсните. Од интернет порталите младите најмногу гледаат преку Јутјуб, таму имаат и свои омилени јутјубери, следат музика и филмови и ги спуштаат, но многу малку ги користат за креативна дејност.
Публиката во земјава препознава и е свесна за конструирани лажни вести и тоа во 51% оние кои се за политички цели, но не знае во толкава мера да провери дали некоја информација е точна. Кога ќе гледаат различни вести за исти настани тие се впуштаат во консултации со пријатели и колеги. Малкумина знаат дека треба да се провери кредибилноста на авторот, дали посотои друго релевантно сведоштво, да се провери изворот и медиумот кој ја пренесува информацијата, велат експертите. Воведувањето на медиумската писменост во редовното образование е повеќе од потребна.
Најкористена се Фејсбук, Јутјуб и Инстаграм, нејчесто за постирање фотографии, а најчесто за комуникација младите ги користат Месенџер, Вибер и Ватсап. Високите технологии како никогаш до сега можат лесно да создадат лажни вести затоа е потребна континуирана медиумска едукација.
Агенцијата и ОБСЕ изготвија спот со цел подигање на јавната свест за препознавање и елиминирање на лажните вести и спиновите. Медимската заедница е согласна дека овие појави може да се спречат преку образовниот процес.
Фиљана Кока
