Самит Македонија 2025

Бизнис- еснафот од дијаспората да инвестира во создавање на работни места

14.11.2019 13:02

Над 400 домашни, регионални и странски експерти од областа на бизнисот се дел од самитот Македонија 2025 што се оддржува по осми пат. Во фокусот работните вештини и иновациите што можат да помогнат во намалување на загадувањето. Политичка волја и услови има. За создавање на модерна држава и поголем економски просперитет, потребна е соработка- порача претседателот Пендаровски во своето обраќање...

Државниот врв го повика бизнис- еснафот од дијаспората да инвестира во создавање на работни места, капиталот да го донесе во земјава, да го помогнат развојот на вештини, младите првата шанса за личен развој да ја добијат тука. Политичка волја и услови има, за создавање на модерна држава и поголем економски просперитет потребна е соработка, оцени претседателот Пендаровски.

Партнерството е единствениот начин за промени, порачаа високите гости, истакнати претприемачи од дијаспората и од домашната бизнис- сфера. „Македонија 2025“ има цел до 2025-та државава да стане дел од развиениот свет, но за жал напредоткот е бавен, животниот стандард само 37 насто од просекот на земјите во ЕУ. Да ги мултиплицираме успешните приказни, да побрзаме- рече менаџментот на ораганизацијата.

Владата ги повика успешните од дијаспората да ги одржуваат контактите. Бидете креативни, создавајте бизнис, дојдете дома да им овозможите на младите напредок – рече премиерот Заев.

Претприемачите се засегнати да го постават курсот на државата- не смеете да бидете тивки, оние што носат одлуки не смеаат да ве игнорираат. Со овој став американската амбасорка во земјава потсети на потребите за подобрување на владеење на правто, борбата со корупцијата.

400 учесници, 50-тина говорници, 10-тина панели. Од осмиот собир на Македонија 2025 се очекуваат пораки за подобрување на животниот стандард за начините како преку нови работни места и подобра животна средина да се спречат миграциите.

Сузана Фиданска- Стоевска