Влада

Осуда за нападот врз новинарите

14.11.2019 13:16

Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата на Северна Македонија укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран...

Владата најостро го осудува нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оценува како неприфатливи и недозволиви- соопштуваат од владината прес служба.

Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата на Северна Македонија укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, и во таа насока ги повикува институциите итно да ги преземат сите неопходни мерки да се откријат и казнат сторителите- стои во соопштението од Владата.