Средба Заев- Мицотакис: Преспанскиот договор, ЕУ и НАТО дел од темите

14.11.2019 13:29

Иако станува збор за учество на економски форум, премиерот рече дека претстојниот НАТО самит и имплементацијата на Преспанскиот договор ќе бидат дел од темите на кои ќе разговара денеска во Солун со Мицотакис.

Премиерот Зоран Заев ќе учествува и ќе се обрати на четвртиот Самит во Солун, ќе одржи средби со голем број грчки бизнисмени. Заев ќе се сретне и со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

Иако станува збор за учество на економски форум, премиерот рече дека претстојниот НАТО самит и имплементацијата на Преспанскиот договор ќе бидат дел од темите на кои ќе разговара денеска во Солун со Мицотакис.

„На форумот во Солун очекувам да разговараме за економски теми, но секако ќе поразговараме и за европската агенда. Јас сум благодарен што Грција е директно и позитивно вклучена во унапредувањето на нашата европска агенда. Ќе разговараме за претстојниот НАТО самит, но и за имплементацијата на Преспанскиот договор“, изјави Заев.

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ООН.