ИТАЛИЈА

Ќе се прогласи вонредна состојба во Венеција

14.11.2019 14:22

Градоначалникот Луиџи Бругнаро тврди дека климатските промени се главен фактор за оваа природна непогода поради којашто ќе биде прогласена вонредна состојба.

Жртви во поплавите во Венеција. Градоначалникот Луиџи Бругнаро тврди дека климатските промени се главен фактор за оваа природна непогода поради којашто ќе биде прогласена вонредна состојба.

Порастот на нивото на морето и силните ветришта и дождот потопија речиси 80% од Венеција. Прекинато е и снабдувањето со електрична енергија.

Италијанската влада се обидува побрзо да ги мобилизира средства за да го спаси градот којшто е една од омилените туристички дестинации.