Синдикатот на УПОЗ излегува на протест
Синдикатот на УПОЗ утре излегува на протест. Незадоволни се од работата на судскиот буџетски совет и нееднаквиот третман на вработените. Проблемите со кои се соочува судската администрација ги слушна и министерот Манчевски...
Од 9.30 до 11 часот утре судовите низ земјава нема да работат. Синдикатот на УПОЗ излегува на протест. Членството е револтирано од, како што велат, самоволието на судскиот буџетски совет и нееднаквиот третман на вработените.
Претседателот Грујовски рече дека ова е последно предупредување до судската власт. Доколку не им се исполнат барањата, ќе одат и на штрајк.
Проблемите со кои се соочува судската администрација ги слушна и министерот Манчевски. УПОЗ со нов предлог, порастот на платите да го следи и порастот на просечната плата со веќе утврдената вредност на бодот. Дополнително се разговарало за потпишувањето на гранскиот колективен договор, но и за воведување на К-15 во администрацијата. Манчевски по средбата убеден дека ќе се постигне договор.
Минатата недела УПОЗ се закани со протест бидејќи судиите си поделиле додаток на плата, двојно повисок од тој на службениците. Едно од клучните барања на Синдикатот е и воведување на додаток за висок ризик на судската полиција.
Викторија Милевска
